Бугарија ги обвини Британците дека се мрзливи и не сакаат да работат

Од:

Бугарската Влада ги обвини британските работници дека се мрзливи, па затоа Велика Британија и натаму има потреба од источноевропските имигранти.

Во специјално составениот службен документ, испратен до британскиот Хоум Офис, Владата во Софија забележува дека Британците немаат желба да работат или не сакаат да се откажат од своите социјални бенифиции за да бидат ангажирани како сезонски работнци на британските полиња.

Острата реакција на бугарските власти доаѓа по неколку месечните предупредувања во британската политичка јавност и во медиумите, посебно оние блиски до Владата на премиерот Дејвид Камерон, за заканата од наплив на бугарски и романски имигранти по 1 јануари 2014 година, кога престанува важноста на ограничувањето за вработување на Бугари и Романци воведено пред седум години.

Во бугарскиот документ од десет страници се вели дека тврдењето на Лондон за постоењето на т.н. „социјален туризам“ (доаѓање и населување во Велика Британија само за да се користат бенифиците од тамошната социјална програма) е вештачки создаден мит.

Според официјална Софија, нема никакви докази дека Бугарите се вмешани во „социјалниот туризам“, туку дека напротив токму Велика Британија има полза од слободното движење на работна сила во рамките на ЕУ, како и дека бугарските имигранти на британската територија се во најголем број млади, самци и релативно добро образувани.

Документот освен до Хоум Офисот е испратен и до британското Министерство за труд и пензии.

Владата во Софија се спротивставува на најавите на британските власти за блокирање пристапот на бугарските и романските имигранти по Нова година, до јавните служби, државното здравство и вработуваето.

Во одбрана на своите позиции во испратениот документ од Софија се вели дека податоците на Владата во Лондон покажуваат оти во 2011 година, како корисници на социјалните бенифиции се регистрирани 16,6 отсто од работно способните Британци и само 6,6 од странските имигранти.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател