Будимир се врати на работните должности

Од:

Откако во петокот вечерта е пуштен да се брани од слобода, претседателот на Федерацијата на БиХ, Живко Будимир денеска околу пладне пристигна на своето работно место во кабинетот во зградата на Претседателството на БиХ.

Будимир пред новинарите рече дека се надева оти ќе продолжи нормално да ја извршува функцијата претседател на Федерацијата БиХ, најавувајќи оти наскоро ќе го потпише законот за привремено поволно пензионирање на бранителите на БиХ, што е услов за продолжување на стенд бај аранжманот со ММФ.

Будимир исто така потврди дека наредната седмица ќе земе неколку дена годишен одмор „за да помине време со семејството“.

Тој не сакаше да ја коментира најавата на Социјалдемократската партија на Златко Лагумџија дека ќе покрене парламентарна расправа за тоа дали е достоен да ја врши функцијата претседател на БиХ.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина