Будимир се враќа на работа

Од:

Претседателот на Федерацијата на БиХ, Живко Будимир по ослободување од притвор поради сомнеж дека ја злоупотребил службената положба и дека е вмешан во корупција, изјави дека ќе продолжи да ја врши својата работа, таму каде што застана и дека не се кае за се што направи до сега.

Тој вели дека ослободувањето му ја вратило надежта во правосудниот систем.

-Јас ќе продолжам да работам како претседател на Федерација-истакна тој.

По повод барањата на одредени лица да поднесе оставка, Будимир нагласи дека секој има право на субјективно мислење, како и дека тој смета дека некои лица не треба да ја извршуваат функцијата на која што се наоѓаат, бидејќи не носат добро за граѓаните на БиХ.

Обвинителството на БиХ најави дека ќе поднесе жалба за решението да се ослободи Будимир од притвор.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина