Бројот на новозаразени во Словенија продолжува да опаѓа

Од:

Во Словенија и денеска продолжува да опаѓа бројот на нови заразени со коронавирус, како и сите други показатели за епидемијата, а владата најави дека ќе разговара за делумно ублажување на мерките и прилагодување кон новата ситуација на смирување на инфекцијата.

Во изминатите 24 часа со 1062 ПЦР тестови и 48.983 брзи антигенски тестови потврдени се 3601 инфекција со коронавирус, моментално има 140.334 активни инфекции, што е за 4.938 случаи помалку од претходниот ден, а починале 7 пациенти, соопшти Националниот институт за јавно здравје НИЈЗ.

Во болниците во моментов има 782 пациенти со Ковид, од кои 133 се во потешка состојба и се наоѓаат на одделенијата за интензивна нега.

Би можело да ве интересира

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски