Брнабиќ: Вучиќ треба да оди на самитот во Тирана, никој не може да се справи со лицемерието како тој

Од:

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ изјави дека во врска со барањето на Европската Унија за воведување санкции кон Русија, поради нејзината агресија кон Украина, „Србија има принципиелна позиција“, односно дека нема да воведува санкции, јави дописникот на МИА од Белград.

Брнабиќ за телевизијата Пинк, во врска со обвинувањата дека други земји ги кршат санкциите кон Русија преку Србија, изјави дека „ние нема да бидеме земјата преку која некој друг ќе прекршува некои санкции“.

Таа рече дека „нема да носиме посебни одлуки за тоа“, и дека спречувањето на кршење на санкциите кон Русија од страна на други земји преку Србија ќе се спроведува „според нашиот закон“.

-Што се однесува до санкциите, чудни се тоа работи кога се чукате во гради со морал, а потоа гледате дека Белгија се изборила да не воведува санкции за увоз на дијаманти, со што испаѓа дека дијамантите се поважни од „агресијата“, како што тие велат. Сите нивни стандарди паднаа кога е во прашање нашата држава. Она што сакав да го кажам е анализата на Фајненшл тајмс, која вели дека увозот на руски гас во некои земји е поголем отколку што беше пред воведувањето санкции против Русија. Тука е и Хрватска, која ни вели дека не можеме да седиме на две столчиња, но кога можат нешто да ќарат, тие тоа го прават. Но, овие дијаманти сепак победија, изјави Бранбиќ.

Таа кажа дека претседателот Александар Вучиќ се уште нема донесено одлука дали ќе оди на Самитот Еу-Западен Балкан во Тирана, но оцени дека „е важно да оди таму, бидејќи никој нема кредибилитет и не може да се соочи со лицемерието, како тој“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ: Без разлика на предизвиците, важно е Србија и Република Српска да се држат заедно

Брнабиќ: Преписката на Скај до која дојде Европол е непобитен доказ дека Вучиќ е најголемиот непријател на криминалот

Брнабиќ: Очекувам убедлива победа на изборите во Белград

Го погребаа Вучиќ, некролог излепен низ Белград – пореметени луѓе мислат ова е политика, остра Брнабиќ

Анита Петровска Рајковиќ

Брнабиќ: Ова е обид за сценарио „Мајдан“

Горан Наумовски

Брнабиќ: Ја имате мојата оставка на маса

Горан Наумовски