Брнабиќ: Во Србија нема да има насилен преврат и анархија

Од:

Српската премиерка Ана Брнабиќ вечерва изјави дека ова се најнасилните протести досега во земјата, но дека во Србија нема да има насилен преврат и анархија.

-Кризниот штаб утре ќе се состане и ние ќе продолжиме да се бориме против коронавирусот и да ги спасиме здравствените работници и здравјето на луѓето, и ќе победиме, рече Брнабиќ за ТВ Пинк, повикувајќи ги граѓаните да бидат дисциплинирани.

Таа посочи дека се се прави и дека полициски час се уште не е воведен, но дека мора да се борат за здравјето на луѓето и да балансираат заради зачувување на економијата.

Српската премиерка кажа дека демократскиот поредок во земјата и стабилноста ќе бидат зачувани и му порача на претседателот Александар Вучиќ утре да оди и да се бори за Косово. Таа оцени дека насилните протести во Белград несомнено предизвикале огромна штета на претстојните разговори, но дека Вучиќ ќе даде се од себе и ќе се фокусира на Косово, безбедноста на Србија и иднината на целиот регион.

-Има многу што не го сакаат тоа, но зад тоа е најголем број граѓани и тоа е силата на Александар Вучиќ, рече Брнабиќ.

Таа додаде дека државата ќе ги заштити и политичките противници и дисиденти, како Вук Јеремиќ, Сергеј Трифуновиќ, Драган Џилас …, кои беа нападнати на протестите, но не и оние што сакаа да претепаат некого, затоа што насилството не би било дозволено, јавија српските медиуми.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ ги распиша изборите за Белград за 2 јуни

Горан Наумовски

Брнабиќ е избрана за нов претседател на Народното собрание на Србија

Горан Наумовски

Ана Брнабиќ е кандидат за претседател на Народното собрание на Србија

Горан Наумовски

Брнабиќ им се заблагодари на руските служби што ги споделиле информациите дека се подготвуваат немири

Катерина Ѓуровски

Ана Брнабиќ за протестот на опозицијата: Мајдан во Белград – тоа нема да успее

Горан Наумовски

Брнабиќ: Отворениот Балкан има светла иднина, не верувам дека Рама е против тоа

Горан Наумовски