Брнабиќ во Косово со порака за мир и толераниција: „Отворен Балкан“ да е отворен и за Косово

Од:

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, која денеска е во еднодневна посета на Косово, изјави дека од таму сака да испрати јасна и едноставна порака – порака за мир, стабилност и толеранција, и воедено порача дека иницијативата Отворен Балкан е отворена и за Косово, јави дописникот на МИА од Белград.

-Денешната порака за мир, стабилност и толеранција е единствената можна иднина за нас, но и дека во секое време ќе бидеме со српскиот народ. Ќе продолжиме да се бориме под водство на претседателот (Александар) Вучиќ. Следната голема тема на нашата агенда, што ќе повторувам каде и да одам – е формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО), на тоа ќе продолжиме да инсистираме секој ден, изјави Брнабиќ во Косовска Митреовица.

На изјавата на косовскиот премиер, Албин Курти, кој рече дека посетата на Ана Брнабиќ на Косово ја покажува „демократската природа на таа земја“, Брнабиќ одговори:

-Би била исклучително среќна да ја видам таа демократија и тој демократски потенцијал бидејќи на нашиот народ би му било многу полесно. Не можам да кажам дека го гледам тоа бидејќи оваа година основното право на глас им беше ускратено на Србите на Косово. Мислам дека тоа подобро од било што друго ја покажува состојбата на демократијата и владеењето на правото, рече таа и продолжи:

– Друга важна работа, почитување на меѓународните договори – Приштина не ги почитува меѓународните договори, сè уште не го имплементирала Бриселскиот договор, не ја формирала ЗСО или им овозможила на Србите да го сторат тоа. Чекаме повеќе од девет години, тоа се најдобрите показатели за состојбата на демократијата и владеењето на правото.

Брнабиќ одговарајќи на новинарски прашања изјави дека иницијативата „Отворен Балкан“ е отворена за сите, вклучително и за Косово. -Вклучувајќи ги и, како што рече, привремените институции во Приштина. Тоа е најдобриот начин да се оди кон нормализација, мислам дека квалитетот на секојдневниот живот на луѓето е најважен и дека ако заедно го подобриме тој квалитет, да се отвораат работни места, полесно ќе разговараме за прашања за кои не се согласуваме. Но, тоа не е до мене да одлучам. Вратата е дефинитивно отворена, истакна српската премиерка.

Таа потенцираше дека е во посета на Косово ден по затворањето на најголемата манифестација на саемот на вино во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“ и додаде дека тој собир покажал како изгледа соработката.

-Покажавме како изгледа кога ќе се свртиме кон соработка, дека и покрај тоа што не се согласуваме за некои важни работи, можеме да соработуваме и да обезбедиме подобар квалитет на живот и поинаква иднина на овој наш Балкан, рече Брнабиќ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Косово: Двајца убиени во престрелка во кафеана

Словачка ја затвора Канцеларијата за врски во Приштина