Брнабиќ: Регионалната соработка е силен потик во процесот на евроинтеграции

Од:

Премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ, денеска во Нови Сад изјави дека регионалната интеграција е едно од најважните прашања пред нас, бидејќи ние сме должни да им понудиме на младите луѓе во регионот перспектива за подобра иднина, порачувајќи дека нема европска интеграција без регионални врски, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопштија од српската Влада, на конференцијата „Западен Балкан – еден регион, еден пазар“, Брнабиќ посочи дека посилната економска соработка меѓу соседните земји и земјите од регионот носи повисок квалитет на живот за сите граѓани.

-Крајно време е да им понудиме на генерациите кои доаѓаат по нас поинаква иднина од онаа што ја имавме, односно да им создадеме услови да создадат поинаков регион. Тоа е едно од прашањата на кое можеме директно да влијаеме, нагласи Брнабиќ.

Сите ние во регионот, а тоа можам да го кажам со сигурност за Србија, сите реформи што ги спроведуваме, ги спроведуваме првенствено затоа што веруваме во нив, како што веруваме дека оние од нашите земји ќе создадат подобри места за живеење, посилни земји, од јавната администрација да се создаде администрација која е повеќе фокусирана на граѓаните и економијата, што е повеќе сервис за граѓаните и економијата во смисол на владеењето на правото, подвлече Брнабиќ.

Според неа, тие реформи се пред се заради нас, а потоа ќе не доближат и до ЕУ.

Брнабиќ предупреди дека целиот процес на европска интеграција, на крајот на краиштата, не зависи само од нас, туку и од ЕУ и од секоја нејзина индивидуална членка.

-Во таа смисла, ги гледаме сите фрустрации на нашите пријатели од Северна Македонија и Албанија. Значи, можете да направите се што се бара од вас, но ако има една земја во Унијата што е скептична во врска со проширувањето, тоа ве спречува. Затоа регионалните иницијативи се тоа каде што можеме да направиме најмногу.

Брнабиќ посочи дека воопшто не се покренува прашањето за регионална или европска интеграција, бидејќи ни требаат и двете, а регионалната интеграција ќе ни помогне побрзо и подобро да се приближиме до ЕУ.

-Исто така, мислам дека регионот во ЕУ е цел за сите нас, кажа срспката премиерка.

Директорот на Фондацијата Конрад Аденауер, Норберт Бекман Диркес, истакна дека овој собир е доказ дека Европа живее и дека живее целиот регион, и дека регионалната и економската соработка се најдобри алатки за деескалација на проблемите и конфликтите.

Претседателот на Фондот за европски прашања, Александар Симурдиќ, како клучна порака на дводневната конференција истакна дека регионалната интеграција не е замена за евроинтегративниот процес и дека земјите од ЗБ се на иста позиција за пристап во ЕУ.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, учествуваше на конференцијата за Западен Балкан „Еден регион, еден пазар – чекор напред кон заедничкиот пазар на ЕУ“, што се одржа вчера и денеска во Нови Сад, а преку видео -врска претпладне се вклучи и премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев.

Целта на конференцијата е да се разговара за модалитетите на политичката и институционалната соработка насочени кон создавање услови за создавање заеднички пазар на Западен Балкан, со учество на политички претставници од регионот, претставници на главните регионални иницијативи, регионална деловна заедница и младите, социјално ангажирани лидери од Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани