Брнабиќ: Посетата на Фон дер Лајен на Западен Балкан е важна во овој момент

Од:

Премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на земјите од Западен Балкан е многу важна во овој момент, особено затоа што во нејзино присуство ќе биде потпишан договорот за изведување на работите на „автопатот на мирот“ Ниш-Приштина, јави дописникот на МИА од Белград.

Во изјава за ТВ Хепи, Брнабиќ посочи дека со тоа Србија дава поинаква перспектива за целиот регион, пред се за младите, и посочи дека Белград сака да зборува за патишта, училишта, образование, а Приштина за пушки и оружје, и дека двете страни нудат сосема различни перспективи, соопштено е на веб -страницата на Владата на Србија.

Одговарајќи на прашањето дали актуелните настани на северот на Косово претставуваат собирање на политички поени во Приштина, таа посочи дека кога нема што друго да се понуди и ако некој нема резултати, тогаш се прибегнува кон тој начин на стекнување популарност.

Од друга страна, како што нагласи таа, Србија има многу што да загуби доколку се загрози стабилноста, имајќи ги предвид резултатите што ги постигна.

-Имаме резултати што нашата земја никогаш ги немаше и затоа мора да ја одржуваме регионалната стабилност, но вие имате земји во регионот, односно политичари кои во таа смисла не можат одговорно да зборуваат за резултатите, оцени Брнабиќ.

Коментирајќи ја изјавата на Вјоса Османи дека Белград го крши Бриселскиот договор, Брнабиќ кажа дека тоа е спротивно на реалноста на терен и дека таквата реторика повеќе не наидува на разбрање во САД или во Европската унија.

Таа пренесе дека неодамна одржала најдобра средба во Њујорк со потсекретарот за политички прашања на Стејт департментот, Викторија Нуланд, која високо го цени претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и добро ја познава ситуацијата на Балканот.

-Бев охрабрена од фактот дека таа целосно разбира што се случува, но прашање е колку тоа ќе влијае на нивните реакции на теренот, заклучи српската премиерка.

Би можело да ве интересира

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“