Брнабиќ: Курти не врати не во 19, туку во 18 век, не доведе до раб на војна

Од:

Српската премиерка Ана Брнабиќ, коментирајќи ја актуелната ситуација на Косово и Метохија, рече дека „Албин Курти не врати сите нас не во 19, туку во 18 век“. Таа не ја исклучи можноста Србија, повикувајќи се на резолуцијата 1244, да побара присуство на своите безбедносни сили на Косово.

„Албин Курти не врати сите назад не во 19, туку во 18 век. Се што прави е опасност, не само за Србите, туку и за Албанците и за цела Европа. Курти не доведе до самиот раб на војна. Однесувањето му е целосно егоцентрично, Кфор и ЕУлекс не си ја вршат работата, не ги штитат Србите на Косово и Метохија. Многу сме блиску до барање за враќање на нашите сили на територијата на Косово и Метохија според резолуцијата 1244“, рече Брнабиќ, додавајќи дека Србите се во страшна состојба.

Во синоќешното обраќање директорот на владината канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, рече дека Белград размислува да врати до 1.000 припадници на своите безбедносни сили.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

(ВИДЕО) Брнабиќ: Ректорскиот колегиум да одговори кој учествувал во обидот за воен удар

Брнабиќ за инцидентот во Градското собрание: Терористички чин на оние кои се обидоа да го запалат Собранието

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

Полицијата уапси маж кој им се закануваше на Вучиќ и на Брнабиќ

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува