Брнабиќ ги демантираше наводите на црногорскиот премиер за уцените за жито и Отворен Балкан

Од:

Премиерката на Србија во технички мандат Ана Брнабиќ денеска ги демантираше наводите на нејзиниот црногорски колега Здравко Кривокапиќ дека официјална Србија се обидела да ја уцени Црна Гора со ветување дека ќе и обезбеди основни прехранбени производи доколку стане дел од иницијативата Отворен Балкан, јави дописникот на МИА од Белград.

Брнабиќ на Твитер го праша Кривокапиќ како „не се срами бесрамно да лаже“.

Таа го праша и кога тоа претседателот на Србија, Александар Вучиќ „му се јавил, му испратил порака, кажал некаков збор на уцена во врска со храната/стоките од Србија“.

-Бидејќи знам дека не е така, се враќам на прашањето: Дали барем малку се срамиш?, напиша таа.

Здравко Кривокапиќ, премиер на Црна Гора во заминување, изјави дека официјална Србија се обидела да ја уцени Црна Гора со ветување дека ќе и обезбеди основни прехранбени производи доколку стане дел од Отворен Балкан и како што додаде „не верува во таа регионална иницијатива“.

-Моќта е чудо, кога се чувствуваш моќен, тогаш мислиш дека можеш да им поставиш услови на другите, изјави Кривокапиќ за Радио телевизија на Црна Гора, одговарајќи на прашањето дали Вучиќ ја искористил актуелната криза за политички цели.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Османи: На седница на Владата ќе предложам излегување од иницијативата Отворен Балкан

Ана Брнабиќ ги распиша изборите за Белград за 2 јуни

Горан Наумовски

Брнабиќ е избрана за нов претседател на Народното собрание на Србија

Горан Наумовски

Ана Брнабиќ е кандидат за претседател на Народното собрание на Србија

Горан Наумовски

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

Почнува единствениот пазар на труд на Отворен Балкан

Горан Наумовски