Британскиот амбасадор во Тирана најави прогласување за непожелни албански политичари и бизнисмени

Од:

Амбасадорот на Велика Британија во Тирана, Аластер Кинг-Смит најави дека неговата земја ќе прогласи за „персона нон грата“ и други лица во Албанија.

Британскиот дипломат додаде дека овие санкции ќе опфатат политичари и бизнисмени кои „негативно влијаеле врз напредокот и демократизацијата на земјата“.

– Се сеќавате дека во јули минатата година го најавивме првиот бран акции и санкции против некои албански граѓани и можам да ви кажам дека ќе видите понатамошни активности во текот на оваа година. Се погриживме да имаме избалансиран однос кон сите луѓе од политиката, бизнисот и така натаму, изјавил амбасадорот, јави Ора њуз.

Велика Британија во јули лани за „персона нон грата“ го прогласи поранешниот албански претседател и експремиер Сали Бериша, кој во мај 2021 за непожелен го прогласи и американскиот Стејт департмент.

Амбасадорот се осврна и на масовната миграција на албанските имигранти во неговата земја, повикувајќи ги да не ризикуваат илегално да влегуваат во Британија, бидејќи ќе бидат депортирани, зашто Албанија е безбедно место за нив.

Во однос на локалните избори во Албанија кои ќе се одржат на 14 мај, тој порача дека е важно да не се злоупотребуваат државните ресурси за партиски интереси.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вјоса, дива река во Албанија, стана национален парк

Ана Ололовска

Русинката која беше уапсена во Албанија поради шпионажа поднесе барање за азил

Утврден законот што ќе овозможи враќање на незаконски изнесените икони во земјава

Силен земјотрес ја погоди Албанија

Горан Наумовски

Албански автобус се преврте во Хрватска: Еден мртов, неколкумина повредени

Албанец запрен на хрватско-српската граница, во автомобилот имал околу 11 килограми хероин

Ана Ололовска