Амбасадорот на Велика Британија во Косово Иан Клиф не предвидува долг живот на коалицијата ДПК-ДСК, пишува весникот „Косова Сот“.
Британскиот дипломат смета дека новата влада е со среден рок и дека во блиска иднина може да дојде до намалување на бројот на министерства.
Според Клиф постои голем број на лица што примаат плати како заменици премиери или како заменици министри, а кои само пијат кафе и се шетаат, а би требало да работат и добиваат конкретни задачи.
Клиф во интервју за „Косова Сот“ нагласува дека економијата треба да биде приоритет на новата влада на Косово, бидејќи според него тоа е причина за големиот број лица што секојдневно бегаат од Косово.