Британски медиуми: Затворите „окупирани“ од Албанци

Од:

Албанците ги окупираат британските затвори“, објавија британските медиуми во написи посветени на илегалните албански мигранти кои пристигнале во Обединетото Кралство и кои се влучиле во нелегални активности, пред сè производство и трговија со дрога.

Како што јави „АБЦњуз.ал“. според британските медиуми, активисти предупредуваат дека Велика Британија ризикува да стане „Алкатраз на Албанија“ доколку „бројот на криминалци од оваа балканска земја продолжи да расте со сегашната брзина“.

Официјалните бројки покажуваат дека во 2012 година во британските затвори имало 180 Албанци, но до минатата година бројот се зголемил речиси деветпати, односно на повеќе од 1.500.

Надлежните предупредуваат дека ако бројот продолжи да расте со ова темпо, за само четири години ќе ја надмине бројката од 5.000.

– Четири од 10 луѓе, кои опасниот премин преку Каналот го поминуваат со мали чамци или пристигнуваат со камиони се од Албанија. Само во изминатите шест недели 1.075 Албанци со мали чамци, организирани од банди за криумчарење луѓе, го преминаа Каналот, наведуваат британските медиуми.

По големиот бран мигранти, министрите на двете земји се договорија албански полициски офицери да бидат стационирани во Довер и други британски пристанишни градови за да помогнат во идентификација и депортирањето на илегалните мигранти од Албанија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он