Брамерц во Белград ќе се сретне со Вучиќ

Од:

Главниот обвинител на Хашкиот трибинал Серж Брамерц ја продолжува посетата на Белград со средбата со премиерот на Србија Александар Вучиќ, а тема на разговорите ќе биде соработката на земјата со Судот во Хад.

Брамерц за време на посетата ќе се сретне и со обвинителот за воени злосторства Владимир Вукчевиќ.

Тој допатува во посета на Белград во рамки на подготовките на редовниот извештај на Советот за безбедност на Обединетите нации за работата на Судот.

Брамерц вчера се состана со министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ и во таа прилика ја поздрави борбата на Министерството за внатрешни работи против организираниот криминал и тероризам.

Коментирајќи ја одлуката на Хашкиот трибунал за привремено пуштање на слобода на Војислав Шешељ тој изјави за „Вечерње новост“ дека Обвинителството нема да жали, а една од причините е што нема пристап до медицинската документација.

Брамерц претходно го посети Сараево. Тој треба редовниот шестмесечен извештај на СБ да му го поднесе во втората половина на декември. 

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он