Брамерц бара спроведување на одлуката за враќањето на Шешељ во Хаг

Од:

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал, Серж Брамерц побара денеска од Советот за жалби на Трибуналот итно да му одреди на Судскиот совет рок од еден ден за спроведување на одлуката за враќање на лидерот на српските радикали Воислав Шешељ, обвинет за воени злосторства во Хрватска и Босна и Херцеговина, во притвор во Хаг.

Судскиот совет, наместо веднаш да издаде налог и да ја спроведе одлуката на Советот за жалби од 30 март за враќањето на Шешељ во притвор, побарал нов извештај за неговата здравствена состојба.

– На Судскиот совет не му е оставен дискреционен простор за одлучување за тоа дали треба да се укине одлуката за привремена слобода или за временската рамка за спроведување на одлуката, порача Брамерц.

Тој нагласи дека нема оправдание за таквото доцнење во спроведувањето на одлуката на Советот за жалби и додаде дека во контекст на спроведување на одлуката, здравствената состојба на Шешељ е ирелевантна.

Советот за жалби одлучи дека Шешељ мора да се врати во притвор поради неговата изјава дека доброволно во Хаг повеќе не се враќа, што е протолкувано како кршење на условите за привремена слобода.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски