Браќа близнаци меѓу жртвите на убиецот од Цетиње

Од:

Браќата близнаци Милош и Марко Мартиновиќ се меѓу жртвите што ги уби масовниот убиец Ацо Мартиновиќ (45) кој изврши масакр во Цетиње во Црна Гора. Седум мажи, три жени и две деца се убиени во масакрот. Меѓу жртвите е и Марија, сопругата на Марко, објави порталот Радиотелевизија на Црна Гора.

Ацо Мартиновиќ уби најмалку 12 луѓе. Масакрот започна во кафеана во Цетиње, каде меѓу другите го уби сопственикот Марко Вулетиќ и неговите две деца на возраст од 10 и 13 години. Потоа извршил убиства на уште две други локации.

Како што изјави министерот за внатрешни работи, Данило Шарановиќ, Мартиновиќ уби некои членови од неговото семејство. Во престрелката се ранети четири лица кои се во тешка состојба. Според ТВЦГ, ранет е М.А. (1983), Р.Д., В.М. (1984) и М.М.

„По вербална расправија со луѓето со кои го поминал цел ден, Мартиновиќ влегол во конфликт со друго лице. Потоа отишол дома, земал оружје, се вратил и го извршил делото. После тоа се оддалечил, а до сега се знае дека убиствата ги извршил на три различни локации“, изјави директорот на црногорската полиција.

Тој избегал, а по повеќечасовна потрага е пронајден во населбата Хумчи во Цетиње, недалеку од неговата куќа. Тој се обидел да се самоубие и на пат кон болница им подлегнал на повредите.

– Полицијата го опколи и направи прстен. Тој беше во безизлезна ситуација, опколен од сите страни. Откако му нареди да го спушти оружјето, тој си пукаше во глава. Откако се повреди, направен е обид за транспорт до болница, но им подлегна на повредите, изјавија од полицијата на Црна Гора.

Би можело да ве интересира

„Нека го стават во вреќа и нека го фрлат, да не знаеме каде му е гробот“ – во Цетиње никој не сака погреб на убиецот

А1он

12 бели ружи за 12 недолжни жртви – потресни сцени на комеморацијата во Цетиње

А1он

По масакрот во Цетиње, Црна Гора ќе добие нов закон за оружје

А1он

Мицкоски: Македонија стои рамо до рамо со братскиот црногорски народ во овие болни мигови

Шќепановиќ: Вчерашниот ден беше еден од најтешките денови во историјата на Црна Гора

Горан Наумовски

Вукан (9) и неговиот брат (14) Јован Вулетиќ, најмладите жртви на Ацо Мартиновиќ