Борисов: Нема да ги затвораме градовите и да воведуваме нови ограничувања за луѓето

Од:

Бугарскиот министер за здравство Костадин Ангелов соопшти дека земјата продолжува успешно да се справува со развојот на вирусот и не дозволува да дојде до преоптоварување на здравствениот систем, истакнувајќи дека обезбедени се лекови и заштитна опрема за следните шест месеци.

За време на состанокот на Националниот оперативен штаб учествуваа началникот на Воено-медицинската академија, проф. Венцислав Мутафчиски, директорот на Националниот центар за инфективни и паразитски болести, проф. Тодор Кантарџиев, директорот на Софискиот центар за здравство, д-р Данчо Пенчев и повеќе претставници на бугарската Влада.

Министерот за здравство посочи дека Бугарија, заедно со уште три земји е единствена во Европа со негативен тренд на новорегистрираните случаи во последните две недели од минус 6,5 отсто, додека за истиот период просечниот тренд во Европа е во пораст за плус 22 отсто.

„Подготвеноста на нашиот здравствен систем продолжува да биде на високо ниво“, рече министерот Ангелов.

На состанокот, бугарскиот премиер Бојко Борисов рече дека во земјата, спроведувањето на мерките за справување со коронавирусот е многу добро и дека нема потреба власта да воведува нови ограничувања.

Премиерот изјави дека нема да се поставуваат контролни пунктови и ги негираше сите шпекулации за затворање на градовите и воведување нови ограничувања за луѓето. Борисов посочи дека земјите со построги мерки од оние во Бугарија, во моментов се наоѓаат во многу полоша ситуација.

„Како прво, нашето здравје е важно, второ, треба да ја одржиме економијата во функција“, нагласи Борисов.

Тој додаде дека благодарение на мерките 60:40 и 80:20, зачувани се скоро 300.000 работни места и изрази посебна благодарност до сите лекари, медицински сестри, лабораториски техничари и болничари за нивната деноноќна грижа за време на пандемијата.

За време на состанокот, министерот за финансии Кирил Ананиев му соопшти на премиерот дека во предлог-буџетот за следната година се предвидени средства за вакцините што ги бара Европската комисија, како и ресурси за обезбедување на опрема за лична заштита и средства за дезинфекција.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за односите со Бугарија: За танго се потребни двајца

Горан Наумовски

Рокас: Има интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија

Горан Наумовски

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он