Борисов: Се надевам дека до крајот на годинава Црна Гора ќе биде во НАТО

Од:

Се надевам дека со наша и поддршка на партнерите, до крајот на годинава Црна Гора ќе биде во НАТО. Тоа е исклучително важно за регионот, бидејќи мирот на Балканот ќе дојде кога сите ќе бидеме во ЕУ и НАТО, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов на прес-конференција по средбата со црногорскиот колега Мило Ѓукановиќ.

Борисов изрази увереност дека Црна Гора е подготвена за тоа членство и треба да добие поддршка.

Тој истакна дека за време на денешните разговори биле разгледани прашања од заеднички интерес, меѓу кои во областа на културата, туризмот, енергетиката и инфраструктурата.

Ѓукановиќ, кој се наоѓа во официјална посета на Софија, му се заблагодари на својот домаќин за поканата и за пријателските и охрабрувачки зборови кон неговата земја.

Црногорскиот премиер изрази увереност дека на регионот му е потребна стабилност, преку која полесно ќе се постигне економски и демократски развој.

Би можело да ве интересира

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Поранешниот заменик на Екатерина Захариева е нов шеф на бугарската дипломатија