Борисов разговараше и со австрискиот премиер Курц за проширувањето на Западен Балкан

Од:

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов во Љубљана оствари билатерална средба со австрискиот канцелар Себастијан Курц за време на состанокот на лидерите на Европската народна партија, организиран од словенечкиот премиер Јанез Јанша, напиша поранешниот бугарски премиер на Фејсбук.

Според дописникот на МИА од Софија, Борисов и Курц разговарале за проширувањето на ЕУ на Западен Балкан.Тие се согласија дека ова ќе биде чекор што ќе даде целосност и просперитет на целиот регион на Централна и Југоисточна Европа.

Борисов го уверил Курц дека кога ГЕРБ повторно ќе дојде на власт во Бугарија, ќе ги врати позитивните односи со Република Северна Македонија, врз основа на Договорот за добрососедство што тие го потпишаа за време на неговото владеење.

Себастијан Курц му посака успех на ГЕРБ на парламентарните избори во Бугарија како важен чекор во борбата против популистите, за што му се заблагодари.

Би можело да ве интересира

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна

Во Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина е ден на жалост поради трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски