„Денес само независните држави можат ефикасно да го бранат својот национален интерес“, напиша бугарскиот премиер Бојко Борисов на Фејсбук по повод националниот празник „Независноста на Бугарија“.
„Ние славиме 112 години од прогласувањето на независноста на Бугарија! Брилијантен потег на бугарската дипломатија и политичката елита. Пример за тоа како храбрите акции ја постигнуваат долгоочекуваната цел, особено важна за нашиот развој и самодоверба. Членството во ЕУ ефективно ни даде место меѓу современите и демократски земји, каде гаранцијата за слобода и граѓански права е пред се. Сепак, независноста не ни е дадена, таа бара одлучност и одговорност“, соопшти бугарскиот премиер.
Тој нагласи дека денес луѓето се стремат кон економски и културен напредок.
„Убеден сум дека овој пат ништо не треба да ја запре земјата. Затоа го поддржувам секој глас во таа насока. Успехот се постигнува со дијалог, а не преку поделба, таа не беше и нема ни да биде успешна формула во политиката, а настаните од пред 112 години го докажуваат тоа, па дури и денес, единството е она што мора да го ставиме во срцето на секоја национална кауза. Лекциите остануваат за општеството и за политичките лидери. Среќен празник!“, додаде Борисов во честитката.