Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Од:

Прелиминарните резултати од вонредните парламентарни избори во Бугарија, објавени од агенцијата Галуп интернешенел врз основа на 80 отсто од преброените гласови, покажуваат дека двопартиската изборна коалиција ГЕРБ-СДС е на водечка позиција со освоени 24,4 отсто од гласовите.

На второ место е партијата Вазраздана со 13,7 отсто од гласовите, а на трето место е Продолжување на промените Демократска Бугарија (ПП-ДБ) – прозападна реформистичка двопартиска коалиција со 13,5 отсто од гласовите, пишува бугарскиот портал Новините.

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, рече дека неговата партија може да прифати многу компромиси, но дека нема да го промени „гласот на народот“. Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада, рече Борисов во неделата вечерта на прес-конференција во седиштето на партијата.

„Сакам да им се заблагодарам на сите мои колеги и на сите Бугари. Со ваква излезност на гласачите можеме да зборуваме за претставување во бугарскиот парламент“, изјави Борисов, пренесува бугарската агенција БТА.

Бугарскиот весник „Дневник“ во неделата вечерта објави дека излезноста била 38 проценти, наведувајќи дека е нешто повеќе отколку на изборите одржани во јуни.

По јунските избори партиите не успеаја да формираат мнозинска коалиција поради што беа организирани нови избори, јавува Танјуг.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна

Во Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина е ден на жалост поради трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски

Во Бугарија утре Ден на жалост во знак на солидарност со Македонија

Состојбата на 14-те повредени од пожарот во Кочани во бугарските болници е тешка, петмина се интубирани