Борхарт: Владеењето на правото останува приоритет на Еулекс

Од:

Владеењето на правото останува приоритет за Еулекс како и имплементација на договорениот дијалог меѓу Белград и Приштина, изјави шефот на мисијата на ЕУ за владеење на правото во Косово, Берн Борхарт.

Во изјава за Новости тој вели дека членовите на Еулекс веќе нема да бидат на чело на најзначајните правосудни институции, туку судиите на мисијата во судовите во Косово ќе бидат се помалку.

– Обвинителите од мисијата ќе работат во Канцеларијата на Специјалното обвинителство на Косово, но на чело на таа институција веќе нема да биде меѓународен обвинител, изјави Борхарт.

Тој додава дека Еулекс во рамки на новит мандат ќе задржи улога на набљудувач, ментор и советодавец на Косово како и дека посебно внимание ќе биде посветено на стратешко јакнење на институциите.

– На север и понатаму ќе имаме советодавци во полициските станици. Наши судии и обвинители ќе продолжат да работат се додека не се постигне договор меѓу Белград и Приштина. Ќе имаме судии во советите, но наместо дво-третинско мнозинство во тричлен панел мнозинството ќе бидат локални судии, нагласи Борхарт.Мандатот на Борхарт е продолжен до 2016 година.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица