Близу Вуковар: Двајца крадци украле дури 35 тони пченица

Од:

Полицијата во Вуковар по спроведена кривична истрага, обвини двајца мажи, 36-годишен и 38-годишен маж, осомничени за кражба на 35 тони пченица кај Лудвинац.

Со кривичната истрага спроведена од страна на службениците на полициската управа е утврдено дека 36-годишник и 38-годишник во јули годинава украле 35 тони пченица од обработливото земјиште. Како што претходно информираше полицијата, во периодот од 11 до 13 јули на обработливото земјиште кај Лудвинац со комбајн тие ожнеале 35 тони жито пченица. Според проценката на одговорното лице на оштетената земјоделска компанија од Вуковар, направена е материјална штета од неколку илјади евра.

Би можело да ве интересира

МВР уапси двајца крадци кои краделе домашни животни

Крадци им ги украле велосипедите на светски велосипедски ѕвезди

Горан Наумовски

Приведени двајца крадци од Скопје, се обиделе да ограбат малолетници

Горан Наумовски

Двајца кавадарчани оштетиле брави, електронски читачи и катанец на сандачиња од перална

Горан Наумовски

Фатени двајца крадци – едниот крадел во фирма, другиот во приватни домови

(ВИДЕО) Снимка од грабежот во скопско Црниче, крадците го изнесуваат сефот

A1on