Блинкен: Србија да остане доследна на одлуката да биде домаќин на Европрајд

Од:

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен ја повика Србија да дозволи одржување на Европрајд.

Тој на Твитер напиша дека „слободата на мирен собир и изразување е суштинска компонента на здрава демократија“.

„Ја повикуваме Србија да остане доследна на одлуката да биде домаќин на Европрајд 2022 година. ЛГБТКИ+ правата се човекови права“, подвлече Блинкен.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Европрајд треба да биде одложен или откажан, додека Владата на Србија соопшти оти во овој момент не постојат услови за безбедно одржување.

Европрајд требаше да се одржи од 12 до 18 септември во Белград.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Блинкен и Лавров се разминаа во Скопје, САД и Русија спротивставени за иднината на ОБСЕ, за Украина, Балканот

Османи-Блинкен: Како стратешки партнери и НАТО сојузници остануваме обединети во поддршката за Украина

Премиерот Ковачевски го пречека државниот секретар на САД, Блинкен

Лавров доаѓа во Скопје: „Изгледа Бугарија и вети на Македонија дека ќе го отвори воздушниот простор“

A1on

Ковачевски на средба со Блинкен: С. Македонија ги цени САД како близок и сигурен партнер на нашиот пат кон членство во ЕУ

Ана Ололовска

Блинкен: Српските и косовските лидери ќе направат тешки компромиси за нормализација на односите