Блинкен: САД се горди што имаат сојузник од доверба како Албанија

Од:

Албанија и САД го потврдуваат своето стратешко партнерство и се обврзуваат да ја продолжат соработката од заемен интерес во области како што се одбраната, кибер-безбедноста, енергијата, транспортот или трговијата.

Ова, според албанската државна новинска агенција, АТА, била гаранцијата што ја дале министерката за Европа и надворешни работи Олта Џачка и американскиот државен секретар Ентони Блинкен на крајот од дијалогот за стратешко партнерство што се одржа во Вашингтон.

На средбата на албанската и американската делегација, секретарот Блинкен изјавил дека „САД се горди што имаат сојузник од доверба како Албанија”.

Тој високо ја оценил соработката на сите полиња и ја изразил подготвеноста и волјата на САД да ја продлабочат соработката во енергетиката, бизнисот и други сектори.

– Секретарот Блинкен ја изрази благодарноста на САД до Албанија, како сојузник кој секогаш ги преземал своите одговорности. Тој го цени фактот што Албанија ги засолни авганистанските граѓани и истакна дека САД секогаш ќе бидат покрај нашата земја, пренесува АТА.

Министерката Џачка им се заблагодари на секретарот Блинкен и на американската влада за нивната поддршка и соработка во одбраната на демократијата, ситуацијата во Украина, кибер-одбраната, модернизацијата на вооружените сили или проектите во енергетската област.

– Албанија високо го цени своето стратешко партнерство со САД и убедени сме дека овој однос дополнително ќе се продлабочува и проширува во иднина, врз основа на стабилните темели на пријателството меѓу нашите земји и народи, оценила Џачка на средбата на две делегации.

Во Стејт департментот се одржа најважниот состанок на политичките односи меѓу двете земји: дијалогот за стратешко партнерство меѓу САД и Албанија.

На дијалогот присуствуваа претставници од 6 министерства како и од Стејт департментот, Министерството за одбрана, Министерството за трговија, Финансиската корпорација за меѓународен развој, како и други владини агенции каде се разговараше за начините за продлабочување на стратешката соработка.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он