Блиц: Во Египет биле уапсени радикални исламисти од БиХ

Од:

Египетската армија уапсила неколкумина граѓани на Босна и Херцеговина под обвинение за тероризам и поттикнување борба против египетските власти, на кои ќе им се суди по брза постапка, соопшти српскиот весник „Блиц“, повикувајќи се на босанскиот весник „Дневни лист“.


На снимка, емитувана на египетската телевизија ONtv, беа прикажани околу 30 уапсени лица од страна на специјалните полициски и воени сили во Каиро, за кои се смета дека и припаѓаат на терористичката мрежа Ал Каеда.


Според претставник на египетските сили за безбедност, терористите биле од Авганистан, Босна, Пакистан и некои европски држави, а некои од нив нелегално пристигнале во Египет, каде се приклучиле на радикалната организација „Муслиманско братство“.


Извор од босанската полиција за „Дневни лист“ изјави дека е можно овие борци да отпатувале за Египет со некоја група туристи.


Весникот потсетува дека во последните денови во многу џамии во Босна и Херцеговина беа отслужени специјални молитви за убиените во безредијата во Египет, а во Сараево беше организиран протест на неколку стотици членови на „египетската дијаспора во Босна“, како што самите се претставија овие учесници во протестот.


Исламската заедница во Босна и Херцеговина издаде соопштение во кое остро ги осуди „бруталните и масовни убиства на граѓани во Египет“ и повика „узурпаторите под итно да го прекинат насилството и да му ја вратат власта на демократски избраниот египетски претседател Мухамед Морси“.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина