„Блиц“: Тачи со идеја да остане премиер до 2016 година или да се одржат нови избори

Од:

Лидерот на Демократската партија на Косово (ПДК) и премиер Хашим Тачи ќе му предложи на Демократскиот сојуз на Косово претседател на Парламентот да биде Иса Мустафа, а тој да биде избран за претседател на косовската Влада, пишува приштинскиот весник „Блиц“.

Тачи својата идеја ќе ја изнесе по враќањето од Њујорк, каде присуствува на седницата на Советот за безбедност на ОН, а според весникот, лидерот на ПДК одлучил на направи максимален компромис, увидувајќи дека косовската претседателка Атифете Јахјага, со поддршка на САД, нема намера да ја напушти функцијата шеф на државата.

На премиерската функција Тачи би останал до летото 2016 година, кога на Јахјага и истекува мандатот, по што тој би го преземал местото шеф на државата, а Мустафа би бил претседател на Владата.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица