Блиц: Средбата меѓу Вучиќ и Рама минала мирно и без недоразбирања

Од:

Денешниот разговор меѓу премиерите на Србија и Албанија, Александар Вучиќ и Еди Рама, мина „во мирен и културен тон, без никакви закачки“, а двајцата разговарале за конкретни планови и проекти, пишува белградскиот весник „Блиц“ повикувајќи се на неофицијални извори.

Овој дневен весник пренесува дека состанокот изгледал „значително подобро“ од претходната средба на двајцата премиери, дека разговорот бил многу деловен и дека Вучиќ и Рама зборувале за тоа колку је значајно Србија и Албанија да соработуваат, за инфраструктурните проекти и евроинтеграциите.

Според неофицијални информации, што „Блиц“ ги пренесе, Рама заради однесувањето во текот на претходниот престој во Белград добил „пацки“ од Брисел, па овој пат „се било во најдобар ред, без разговори за Косово и чија е таа територија“.

Средбата со Рама беше последниот во серијата билатерални разговори кои премиерот Вучиќ ги имаше во рамки на Третиот самит на шефови на влади од Кина и земјите на Централна и Источна Европа, што вчера почна во престолнината на Србија.

Во текот на претходната посета на Белгад, пред еден месец, Рама по разговорот со премиерот Вучиќ преку српските медиуми испрати отворена провокација повикувајќи ја Србија да го признае Косово, пренесе „Блиц“.

Би можело да ве интересира

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ