БиХ: Продава бубрег за да ги школува децата

Од:

Тешката економска ситуација многу граѓани на овие простори ги тера на радикални животни потези, а таква судбина му се случила и на Мартин Слишковиќ од Босна и Херцеговина.

За да реши некои животни проблеми, овој жител на селото Бучиќи бил приморан да го продаде бубрегот.

Во својата тажна приказна тој вели дека пред четири месеци на еден популарен портал во неговата држава поставил оглас во кој пишувало дека за 80.000 конвертабилни марки го продава бубрегот.

„А, морав да се одлучам на тоа. Имам две деца кои не можам да ги школувам, а пари ми требаат и за операцијата на срцето”, вели тој.

Мартин е автомеханичар и автоелектричар, а без работа е веќе десет години. Вели дека во последните четири месеци имал 3-4 понуди за бубрегот.

„Ми рекоа дека ќе се јават, но потоа никој не се јави. Имав понуди од Австрија и Сан Марино”, објаснува мартин.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина