БиХ: Притворени царинарници поради шверц со кафе

Од:

Полицијата во БиХ приведе 13 царинарници, кои што се осомничени за нелегална трговија со кафе, со што го оштетиле буџетот на БиХ за околу 30 милиони конвертибилни марки.

Од 2009 до 2011 година во БиХ преку царинските испостави Градишка и Бихаќ се увезени 138 шлепери кафе, кое во текот на царинењето е декларирано како соја или глина, со цел да се избегне плаќањето на предвидените увозни давачки.

Неодамна Државната агенција за истрага и заштита притвори четири лица од Кисељак, осомничени за организиран криминал, криумчарење царински измами, затајување на даноци и перење пари.

Директорот за индиректно оданочување, Миро Џакула, независно од постапката која ја води Обвинителството на БиХ, поднесе пријави за дисциплински постапки против 13 цариници.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина