БиХ: Пожар се приближува на хидроцентралата „Јабланица“

Од:

Пожарот кој беснее на локалитетот Слатина, кај Јабланица, ноќеска се прошири и се приближува кон браната на хидроцентралата „Јабланица“.

Стручниот советник за односи со јавноста од општината, Омер Кариќ рече дека наспроти нивните очекувања изминатата ноќ пожарот кој вчера е гаснат исклучиво од воздух, веќе претставува закана за хидроцентралата.

-Без прекин хеликоптер на вооружените сили на БиХ, го гасне пожарот на Слатина, но го попречува густиот чад кој се спушти и над Јабланица, нагласи Кариќ и додаде дека гаснењето е можно исклучиво преку воздух, бидејќи се работи за терен за кој постои сомневање дека е миниран.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина