БиХ: Почина Берина, бебето без матичен број

Од:

Почина едно и пол месечната Берина Хамидовиќ. Таткото Един вели дека неговото дете е жртва на администрацијата.

Берина е родена на 17. март оваа година. И беше е дијагностициран traheoesofagealna fistula и не можеше да јаде. Операциите во Сараево не беа успешни, и беше префрлена во Белград. Но, тогаш, се појавија нови проблеми, поради тоа што на бебето, иако итен случај, немаше матичен број, а со тоа ниту пасош. Двајцата родители се невработени.

 bosna-embg91q

На граничниот премин со часови чекаа во Брза помош, каде што бебето беше поврзано на апаратоти, бидејќи полицијата не дозволуваше без документи влез во Србија.

„Бидејќи детето беше итен случај, требаше некој да ги информира дека на граничниот премин доаѓа брза помош, но никој од службеници ни од нашата ниту на српската граница ништо не знаеше. Тие ни рекоа, како да знаеме дека не тргувате со деца”, раскажува таткото.

Кога тие конечно успеле да стигнат до Белград, во болницата се појавиле нови проблеми.

„Од кантонот не платија 100.000 динари, што е нивна обврска. Убаво е напишано во законот дека ако операцијата не е можна во БиХ, и детето има здравствено осигурување, се врши операција во друга земја. Не одбија, бидејќи не биле во можност да платат за лекување. Многу ни помогна еден адвокат од Србија. Ни кажа како тоа ќе се реши на законски начин”, рече Хамидовиќ.

Берина потоа добива сепса и почина. Ќе биде погребана на 17. јуни.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина