БиХ најсиромашна држава во Европа

Од:

Босна и Херцеговина е најсиромашна држава во Европа, покажа последното истражување на европската статистичка служба „Евростат“.

Истражувањето се однесуваше на големината на бруто домашниот производ (БДП) по жители и вклучуваше стандард на куповната моќ на населението во една држава.

Евростат во истражувањето опфати 37 европски држави. Во БиХ е забележан БДП во износ од 28 проценти европскиот просек, односно 72 проценти под европскиот просек, што оваа држава ја прави најсиромашна во Европа и држава со најнизок животен стандард.

Од државите во регинот по БиХ најнизок БДП според жители за куповната моќ има Албанија со 30 проценти од европскиот просек или 70 проценти под европскиот просек. По Албанија следат Македонија и Србија чиј БДП изнесува 35 проценти од европскиот просек.

Од државите во регионот најбогати се Хрватска и Црна Гора чиј БДП изнесува 61 процент, односно 42 проценти европски просек.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина