БиХ го презеде претседавањето со Јадранско-јонската стратегија на ЕУ

Од:

Босна и Херцеговина го презеде едногодишното претседавање со Стратегијата на Европската унија за јадранскиот и јонскиот регион (EUSAIR), форум преку кој четири земји од ЕУ и шест земји кои не се членки на ЕУ соработуваат во трговијата, животната средина и туризмот .

dobivaj vesti na viber

Албанија претседаваше со иницијативата изминатата година.

Заменикот-министер за надворешни работи на БиХ, Јосип Бркиќ, рече дека неговата земја ќе продолжи да работи на одредени теми „за да го надгради она што е досега направено“, но и да ја приближи БиХ до членството во ЕУ.

– Приоритетите на БиХ за време на нејзиното претседавање со јадранско-јонскиот регион ќе бидат прашањето за младите, особено во контекст на проширувањето на ЕУ. Таа генерациска цел е сè уште пред нас, треба да се заврши, изјави Бркиќ за Хина во Тирана, главниот град на Албанија, каде што се одржува годишниот форум.

Хрватска се приклучи на ЕУ во 2013 година и е последната земја што е примена во блокот од 27 нации.

Европската комисија, извршното тело на ЕУ, ја воспостави Стратегијата за Јадранскиот и Јонскиот регион (EUSAIR) во 2014 година, како начин да ги приближи земјите кандидати и потенцијалните кандидати до Европската унија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рекордна инфлација од 14,4 отсто во Босна и Херцеговина

Ана Ололовска

Шести економски форум на БиХ, главен фокус на целите за одржлив развој

Ана Ололовска

Уставниот суд на БиХ ги поништи одлуките на Парламентот на РС за пренесување на надлежностите на ниво на ентитети

А1он

Протест на вработените во државните институции на БиХ, со барање за поголема плата и колективен договор

Ана Ололовска

Нехамер: Босна и Херцеговина уште годинава може да добие кандидатски статус за членство во ЕУ

Ана Ололовска

Џаферовиќ: Побарав од ЕУ да и додели кандидатски статус на БиХ

А1он