БИА потврди: Полицијата ги прислушувала Вучиќ и Николиќ

Од:

Безбедносно информативната агнеција на Србија го известила потпретседателот на владата Александар Вучиќ дека пред три дена Министерството за внатрешни работи издало налог да му се прислушува телефонот, а дека претседателот на Србија Томислав Николиќ го прислушуваат подолго време, пренесе вечерва РТС.

Налогот за прислушување на Александар Вучиќ издаден бил по барање на „интересни групи“ со помош на некој од врвот на полицијата.

Како што се наведува, на Вучиќ му е засилено обезбедувањето, а обвинителството покрена истрага.

Претседателот Томислав Николиќ уште синоќа кажа дека му го прислушуваат телефонот.

„Ние упаднавме во „змиско гнездо“, помеѓу луѓе кои ги користат високите функции во многу служби за да ги контролираат луѓето, помеѓу луѓе кои се дрзнаа да ме прислушуваат најшрво мене, а потоа и Александар Вучиќ. Тоа ќе мора да се истражи до крај, така во Србија нема да може да се живее“, рече Николиќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија