Би-Би-Си: ЕК ќе одобри визна либерализација за Турција

Од:

Европската комисија условно ќе и одобри визна либерализација на Турција за подрачјето на Шенген зоната, објави денеска британски Би-Би-Си, повикувајќи се на анонимни извори.

Според британскиот медиум, официјално соопштение за ваквата одлука ЕК ќе објави утре.

Визната либерализација за Турција е дел од договорот постигнат меѓу официјални претставници на Брисел и Анкара, а во чии рамки Турција се согласи да ги прими назад мигрантите кои го преминале Егојското Море и пристигнале во Грција.

– Турција и понатаму треба да ги исполни критериумите на ЕУ за безвизен режим, а одлуката за условно укинување на визите мора да биде одобрена и од Европскиот парламент и земјите членки на ЕУ, истакна уредничката на Би-Би-Си за Европа.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите