Хуриет дејли њуз – Истанбул
Една од најпознатите и најзабавни епизоди на култната американска ситком серија Зајнфилд, е „Супениот нацист“, кој првпат беше прикажан во САД во 1995 година.
Во таа епизода, соственик на супатерија непрекинато бара исклучително строга дисциплина од своите клиенти и ги исфрла од ресторанот со прочуената реплика „Нема супа за тебе!“ ако види некое дејство кое е предизвик за неговиот авторитет, со што си го добил епитетот „Супениот нацист“.
Колку е забавно да се гледа тоа во ситком, толку е вознемирувачко да види слично нешто во реалниот живот, особено во политиката. За жал, последните забелешки на претседателот Реџеп Таип Ердоган и на официјални претставници на Партијата на правдата и развојот (АКП) и на владата, во однос на мировниот процес со Курдите во Турција, не се многу поразлични.
– Не е можно да го продложиме мировниот процес со оние кои му се закануваат на нашето национално братство и единство, изјави Ердоган на прес-конфереција во Анкара на 29 јули, додавајќи дека процесот бил „експлоатиран“.
– Мировниот процес кога јас бев лидер на мојата партија, на пример, во март 2014 година, за време на локалните избори, за жал не беше прекинат. Кога дојдоа следните парламентарни избори на 7 јуни, ние видовме дека тој процес сериозно е прекршен, додаде Ердоган.
Иако не кажа отворено, неуспехот на процесот за кој зборува Ердоган, очигледно е падот на гласовите за АКП и успехот на прокурдската Демократска партија на народите (ХДП) на парламентарните избори. Откако ХДП ја базираше својата изборна стратегија на сопирањето на плановите на Ердоган за премин во претседателски систем, Ердоган и претставници на АКП ја претворија партијата во своја цел.
Тие вложија големи напрои да ја претстават АКП како партија која функционира согласно со заповедите давани од лидерите на Курдската работничка партија (ПКК), сместени на планината Кандил во Северен Ирак. Овие напори беа обид да се спречи прокурдската партија да не го мине 10-процентниот избирачки цензус кој се однесува на пратеници кои се кандидирале од југоисточниот дел од земјата.
Но планот не успеа да ја спречи ПКК да добие 13-проценти од гласовите и да добие 80 пратенички места. А АКП не успеа да добие доволно места за да продложи со своето еднопартиско владеење.
Неодамнешната акција против претпоставени членови на ПКК во Турција (над 800 души беа приведени во полициските акции само во минатата недела, меѓу кои и околу 100 наводни членови на Исламска држава), во јавноста се гледа како обид за консолидација на националистичките гласови за АКП пред евентуални предвремени избори во случај напорите за составување на владина коалиција да не успеат. Насилството во земјата ескалираше по самоубиственот напад извршен од наводен борец на Исламска држава во Суруч на 20 јули, кога загинаа 31 млади членови на Социјалистичката аосоцијација. Наводните членови на ПКК од тогаш убија околу 10 војници и полицајци, по што беше објавен крај на неколкуте години примирје.
Ердоган всушност сигнализираше за она што ќе следува во неговите зборови пред изборите на 7 јуни.
– Подготвени ли сте Турција да прифати нов устав, претседателски систем и поактивен процес (за решавање на курдското прашање)?, ги праша своите поддржувачи на митинг во Газиантеп на 7 март. „Тогаш браќа мои, дајте ни 400 пратеници и нека тој процес се реши мирно“, додаде тој.
Вицепремиерот Јалчан Акдоган, кој ја претставуваше владата при Договорот од Долмабахче на 28 февруари, кога ХДП објави дека лидерот Абдула Оџалан кој се наоѓа во затвор побарал од забранетата од законот организација да направи конгрес оваа пролет за да разговара за разоружување во Турција, рече ако ХДП го мине 10- процентниот избирачки праг тоа би создало „некои проблеми“.
Според потпретседателот на ХДП, Селјахадин Демирташ, претседателот Ердоган видел дека анкетите покажуваат силен пад на гласовите за АКП по нивната објава и ги прашал оние од неговото најблиско опкружување: „Зошто да го правиме тоа ако не ни носи полза?“ Демирташ на Езги Башаран од весникот Радикал му кажа дека откако ги видел анкетите, Ердоган го затврднил тонот против ХДП и се одалечил од мировниот процес.
Минатата среда, Акдоган ја продолжи својата тврда реторика и изјави дека „фронтот за задржување на статус квото, кој го зеле целосно АКП и Ердоган, е да ја користи ХДП како подизведувач“.
Очигледно е како Ердоган така и за официјалните претставници на АКП дека не се задоволни од фактот што милиони курдски граѓани гласале за ХДП наместо за ПКК на изборите на 7 јуни, што доведе до силен удар врз АКП. Некои пратеници од АКП и провладини аналитичари дури и ги обвинија курдите за „неблагодарност“, но не успеаја да објаснат што прави АХП поинаку од времето кога двете страни преговараа за ставање крај на дестици години стариот курдски проблем.
На крајот на епизодата во Зејнфилд, „Супениот нацист“ е прунден да го затвори ресторанот и да се пресели во Аргентина, откако неговите тајни рецепти биле откриени.
Бидејќи немаме опција да ја затвориме Турција и да се преселиме, на оние кои навистина сакаат мир во Турција – а не само да добиваа гласови на избори – треба да им се извикаат посилно од сите во лицето на оние кои велат: „Нема мир за вас!“