Без изјави заврши средбата Штајнмаер – Коциас во Берлин

Од:

Без изјави само со кратка фото сесија заврши средбата меѓу министрите за надворешни работи на Германија и Грција Штајнмаер и Коциас.

Состанокот се одржа 40 дена по нивната последна средба во Берлин а на него неофицијално се договарале прашањата за кои утре во Берлин треба да разговараат канцеларката Меркел и грчкиот премиер Ципрас.

Според најавата на германското сојузно министерство за надворешни работи двајцата шефови на дипломатиите зборувале за можноста и во иднина да се задржат традиционално пријателските и конструктивни односи меѓу двете земји.

За време на нивниот последен состанок на почетокот на Февруари оваа година една од централните теми на разговор било прашањето за името. Според дел од грчките медиуми ова прашање прв го поставил грчкиот миннистер кој побарал Берлин да изврши притисок врз Македонија за побрзо затварање на спорот а според весникот Катимерини Штајнмаер побарал одговор од грчкиот колега зошто досега не е најдено решение во спорот меѓу двете земји.

Грчко – германските односи по изборот на новата влада на Ципрас доживеаа криза особено откако Атина побара воени репарации од Берлин а дел од грчките медиуми под контрола на СИРИЗА остро ги нападнаа канцеларката Меркел и министерот за финансии Шојбле поради нивното инсистирање по секоја цена Грција да ги спроведе строгите мерки за штедење како услов за добивање нова финансиска помош од меѓународните кредитори.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија