Беванда: За санација на штетите од поплавите обезбедени околу 300 милиони евра

Од:

За санација на штетите предизвикани од катастрофалните мајски поплави и свлечишта на ниво на Босна и Херцеговина обезбедени се повеќе од 600 милиони конвертибилни марки (околу 300 милиони евра), изјави претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Вјекослав Беванда.

Тој појасни дека државата добила одобрување од Меѓународниот монетарен фонд и фактички повлекла средства за брза интервенција од 185 милиони евра наменски предвидени за штетата од водената стихија.

– Одобрен е и кредит од Светската банка од сто милиони долари, а извршивме и пренасочување на ИПА средствата, претходно загубените 40 милиони и дополнителни 15 милиони евра, прецизиаше Беванда во Сараево.

Според него остатокот од средствата треба да биде обезбеден од внатрешни ресурси.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина