Поранешниот албански претседател, експремиер и лидер на побројното членство на опозициската Демократска партија, Сали Бериша, изјави дека „Вучиќ му се заканувал на Косово со војна, НАТО му дал црвен картон а Рама не реагирал на ова, бидејќи тој е брат на Вучиќ“.
– Ајде денес да го прашаме Еди Рама: Господине, вашиот брат Вучиќ, какви факти има дека Србите се тероризираат на Косово? Вие двајца сте тие што веќе неколку месеци се заканувате со војна на Косово, сè додека не доби црвен картон од НАТО, кога генералниот секретар на НАТО му рече дека ние сме таму, таму е нашата граница. Дали брат му во Тирана му кажа нешто? Не, не кажа ни збор, рекол Бериша, јави Ора њуз.
Тој и со обвинение дека владата на Еди Рама се претворила во вазал на Србија.
-Освен 1945 година, сега Албанија е повазална од кога било кон Белград. Срам кога гледате дека вашата влада стана гласноговорник, приврзок на белградската влада. Белград кој покажува апсолутно непријателство кон Албанците. Ова е најопасно во Европа после Владимир Путин, ова е малиот Путин, тој е толку агресивен, толку параноичен, но го нема оружјето на Путин, тоа му го кажаа и неговите генерали што ги собра во штабот на 1 август а кои му кажаа дека за четири часа го имаме НАТО над глава, рекол Бериша.
На средба со партиски членови, симпатизери и граѓани во Пешкопеја, Бериша зборувал и за депопулацијата на земјата, оценувајќи дека земјата е во ризик зашто во „последните осум години, како никаде во друга земја, Албанија ја напуштиле над 700 илјади нејзини граѓани“.
Извор: МИА