Бериша побара усвојување резолуција за Украина и снабдување со муниција

Од:

Поранешниот албански претседател, експремиер и актуелен пратеник, демократот Сали Бериша, од собраниската говорница денеска побара Парламентот под итно да усвои резолуција, во која ќе изрази целосна солидарност со Украина.

Откако го осуди, како што рече, заканувачкото писмо на руската амбасада во Тирана до Албанија и оценувајќи го истото како навреда и закана за секој Албанец додаде дека „тоа е капитулација на вазалот на Белград во Тирана, Едвин Кристаќ Рама, пред примитивна, невидена уцена, со која се соочија Европа и НАТО“.

-Денес Русија како сила на злото ја надминува секоја заканувачка сила позната на историјата. Настојува да изврши инвазија на соседна земја врз основа на доктрината за суверенитет, да се заканува на други земји, да се обиде да го уништи НАТО. Единствената земја која молчи е земја членка на НАТО, но земја која има влада предводена од белградски платеник, вазалот на Вучиќ (Рама). Парламентот мора да изгласа Резолуција со која се изразува целосна поддршка за суверенитетот на Украина, рече Бериша.

Според него „најголемото зло денес е заканата на Путинова Русија“.

Претходно, на парламентарна седница Бериша побара Албанија да ја снабдува Украина „најмалку со куршуми и друга муниција“, тогаш обвинувајќи ги Рама и Љуљзим Баша за тоа што молчеле по ова прашање што „било во служба на Србија“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски

Две лица загинаа во Суми, 12 се повредени