Бериша и Мета договорија заеднички настап на локалните избори во 2023 година

Од:

Лидерот на побројното крило на Демократската партија, Сали Бериша и претседателот на Партијата на слободата, Илир Мета попладнево потпишаа договор за заеднички настап на локалните избори, кои во Албанија ќе се одржат на 14 мај идната година.

Според договорот, двете опозициски политички сили ќе излезат со заеднички кандидати, откако, како што се наведува, утврдиле дека Албанија е во критичен момент.

-Заеднички настапуваме поради уништувачката корупција, уништување на политичкиот плурализам на локално ниво, масовната и трагична депопулација, економската криза, која води кон колапс на земјата, на власта која е заложник на шверцот, валканите пари и корупцијата, стои во документот.

Се додава дека под овие услови, Демократската партија на Албанија и Партијата на слободата се согласуваат да и понудат на Албанија победничка алтернатива на локалните избори на 14 мај 2023 година, која ги застапува само интересите на граѓаните и највисокиот јавен интерес.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он