Бериша демантира замешаност во трговија со оружје

Од:

Албанскиот премиер Сали Бериша демантираше дека неговата Влада е замешана во трговија со оружје.

Тој, како што јави дописникот на Макфакс, ги оцени како невистинити обвинувањата на опозицијата која веќе неколку дена на прес конференции укажува дека актуелната Влада на Албанија организирано спроведува нелегална трговија со оружје во други земји.

Бериша рече дека обвинувањата се без основ и додаде дека лидерот на Социјалистите Еди Рама обвинува за да добива политички поени.

Во недела пратеникот на опозицијата Таулан Бала, одговарајќи на изјавите на Бериша, нагласи дека Владата треба да одговори и на прашањето ако нема трговија со оружје и муниција, тогаш зошто поднесе оставка првиот разузнавач на Албанската воена тајна служба ШИУ, Или Зула.

Би можело да ве интересира

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици