Бериша: Битката не запира додека не се урне монистичкиот систем

Од:

Лидерот на побројното крило на албанската опозициска Демократска партија, ПД, Сали Бериша, изјави дека масовниот антивладин протест ги „разнишал темелите на монизмот заснован на кражба на гласови“.

Тој на прес-конференција им се заблагодари на учесниците на протестот, кои, според него, го потпишале чинот на големата пресвртница, го инаугурирале почетокот на битката, која нема да запре до уривање на монистичкиот систем.

– Протестот на 12 ноември ги разниша темелите на монизмот, кој се заснова на кражба на гласови, јавни фондови и јавни богатства од страна на Еди Рама. Тоа беше најодличната порака што благородните граѓани на Тирана и на цела Албанија им ја испратија на Албанците каде и да се, рече Бериша.

Тој додаде дека е време да се повторува од наутро до навечер: смрт на монизмот.

– Овој монизам треба да се архивира минута побрзо. Овој монизам ја обезличува нацијата како првиот монизам. Ја направи страшна нација, нација на гумени чамци, обвини тој.

Според него, Рама сака уништување на плурализмот и сака да го зграпчи и знамето на ПД.

На 12 ноември демократите и Партијата на слободата, на Илир Мета, одржаа масовен антивладин протест од кој на Рама му порачаа дека „многу набрзо ќе се најде пред лицето на правдата и ќе заврши во затвор“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он