Бериша: Албанија ќе ги преразгледа односите со Србија

Од:

Владата на Албанија ќе ги преразгледа сите односи со Србија, изјави премиерот Сали Бериша откако беше отстранет споменикот на на борците од Ослободителната војска на Прешево, Бујановац и Медвеѓа.

– Таквиот акт покажува дека има само еден начин и тоа е интеграција на албанската нација, за да го добиеме тоа што сме го стекнале со крв, истакна Бериша.

Албанското Министерство за надворешни работи го осуди кршењето на српски споменици и гробови во некои реони во Косово и ги повика Албанците на воздржаност.

Српски споменици и гробишта вчера беа осквернавени во Косово како одговор на отстранувањето на споменикот од Прешево.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он