Бентли се „зачука“ во возилото на Александар Вучиќ, приведени тројца

Од:

Поради загрозување на безбедноста на српскиот претседател приведени се три помлади лица кои со возило „бентли“ ја пресекле колоната возила во која се наоѓал Александар Вучиќ. Според српските медиуми тројца помлади жители на Белград се уапсени и уште утре ќе бидат изведени и сослушани пред вишото јавно обвинителство.

Сите тројца како што се наведува и се познати на полицијата од порано по извршени кривични дела.

Колоната во која се наоѓал Вучиќ ја чинеле три возила, а српскиот претседател бил во првото возило во кое и удрило „бентлито“. Паралелно со ударот во возилото во кое се наоѓал Вучиќ, „бентлито“ го блокирало второто возило од колоната при што обезбедувањето кое што било внатре не можело да реагира.

Третото возило тргнало по тројцата кои се возеле со скапиот автомобил, по извесно време ги стигнало и обезбедувањето на Вучиќ ги извлекло од возилото. Кај еден од нив, по спроведувањето и проверките, во крвта е пронајдено присуство на кокаин.

Според „Политика“ тројцата немале намера да ја нападнат колоната со возила каде што бил претседателот. Тргнале да се повозат со скапиот автомобил со шпански регистерски таблици, сопственост на познат фудбалер, а во моментот кога возачот почнал да го дрифтува автомобилот наишла колоната со српскиот претседател на која налетале.

На тројцата им се заканува казна од една до осум години затвор, со оглед дека им е поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста на српскиот претседател.

Би можело да ве интересира

На фарма во Србија е пронајдена шпионска опрема и опасни материи

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

Србија е поразенa од Шпанија со 3:0

Нов земјотрес во Србија

Горан Наумовски

Србија: Курти шири дезинформации

Курти тврди дека Србија провоцира на граница, објави фотографии од движењето на војниците