Белград: Србија не ги разбира ниту значењето, ниту пак целта на резолуцијата за Сребреница

Од:

Србија не ги разбира ниту значењето, ниту пак целта на резолуцијата за Сребреница, која освен што ќе влијае на дестабилизација на регионот, ќе влијае дестабилизациски и на политичките односи во Србија, се наведува во писмото што Белград го упати до постојаните земји членки на Советот за безбедност на ОН по повод британската предлог резолуција за Сребреница.

Во писмото, како што јавува Танјуг, се наведува дека Република Србија одава почит на сите жртви во конфликтите на просторот на поранешна Југославија и цврсто е уверена дека нашите сеќавања и активности со цел да не се заборави минатото, треба да бидат исклучително во функција на помирување и подобрување на регионалната соработка и добрососедски односи.

Србија во писмото до СБ на ОН наведува дека наследството од минатото не смее да биде пречка за нашата заедничка иднина.

Во писмото се нагласува дека Србија со изненадување ја примила веста за предлог резолуцијата на СБ на ОН поднесена од Велика Британија по повод 20-годишнината од злосторствата во Сребреница.

– Србија смета дека каква било резолуција нема да придонесе за помирување во регионот, туку напротив ќе предизвика тензии, недоразбирања и дополнителна дестабилизација. Србија не ги разбира ниту значењето, ниту пак целта на резолуцијата, која освен што ќе влијае на дестабилизација на регионот, ќе влијае дестабилизациски и на внатрешните политичките односи во Србија, се наведува во писмото упатено од Србија до постојаните земји членки на СБ на ОН.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он