Белград и Приштина се ангажираа да ги подготват локалните избори на Косово

Од:

Премиерите на Србија и Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи се ангажираа во Брисел да вложат напори во подготовката на локалните избори закажани во ноември на целата територија на Косово.

Дачиќ и Тачи разговараа неколку часа во Брисел со првиот дипломат на ЕУ Кетрин Ештон – иницијатор на договорот склучен во април за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово.

– Двајцата лидери ја разгледаа подготовката на локалните избори на 3 ноември и се договорија да направат се што е можно изборите да протечат во најдобри услови, наведува Ештон во кусото коминике.

– Во наредните седмици работата ќе продолжи со истиот интензитет, за да се зачува динамиката, додаде таа.

Приштина на 3 ноември закажа локални избори, што првпат се организираат на целата територија на Косово, вклучувајќи и во северниот дел.

Би можело да ве интересира

Курти тврди дека Србија провоцира на граница, објави фотографии од движењето на војниците

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ