Белград е подготвен за новиот бран на реките Дунав и Сава

Од:

Белград е подготвен за новиот бран на реките Дунав и Сава, изјави денеска градоначалникот на градот Синиша Мали, пренесува Танјуг.

Околу 200 општински службеници и 500 доброволци изградија насип со должина од 650 метри и висина од 1,2 метри по течението на Дунав во Земун и според градоначалникот со тоа ќе се заштити градот и од највисокото потенцијално ниво на реките.

Српскиот институт за хидрологија денеска објави дека во изминатите денови нивото на реката Дунав ќе се зголеми, но водата ќе остане во границите на заштитните насипи.

Градоначалникот на Белград изјави дека во изминатите денови се изградени околу 5,5 километри насипи, употребени се околу 350 илјади вреќи со песок, а уште 50 илјади се наполнети и подготвени да бидат употребени во случај на потреба.

Би можело да ве интересира

Големи поплави зафатија делови од Мека и Медина во Саудиска Арабија

(ВИДЕО) Силно невреме во Грција: На неколку места е прогласена вонредна состојба

Горан Наумовски

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата